Pracuj z nami

Буџет

Буџет

Буџетот кој треба да се потроши за конструкција на скејтпарк зависи од неколку фактори:

• големината на плоштадот и дали е подготвен, ако има потреба да се работи од почеток

• големината на елементите

• имплементација на технологија (дрвена или бетонска)

Ако површината е спремна (можете да адаптирате постоечко детско игралиште кое не се користи) трошоците за елементите на истите пречки  можат да бидат во опсег од 20.000-80.000 евра, ако се смета дека димензиите се приближно 30м х 12м. Покрај тоа, нашиот модуларен систем ви дозволува да го разделите трошокот на две години, градејќи го скејтпаркот во фази. На овој начин можете да изградите скејтпарк според ресурсите и потребите на скејтерите.

Како и да е, подготовката на површината од почеток чини во просек од 30.000-50.000 евра.

Бетонските Скејтпаркови (излеен бетон како целина –  најдобар скејтпарк, со можност за комбинирање бесконечни бариери) се најскапи, најчесто поради тоа што нивната површина е поголема од 1000м2. Така, сумата која ќе ја потрошите е околу 130-250 евра за метар квадратен, нето површина. Или, 130.000-250.000 евра за бетонски скејтпарк со средна големина. [Разликата во цената е поради начиниот на изградба или некои додатоци, како на пример дизајниран раб (не е неопходно), ограда (што е исто така непотребно во повеќето случаи), осветлување (се препорачува), итн.]

 

Видете исто така: Консултации